Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Шпанските медиуми известуваат дека македонскиот голман Столе Димитриевски е подготвен да ја напушти Валенсија во претстојниот јануарски преоден рок. Причината за оваа одлука е неговата желба да најде клуб каде што ќе може да биде прв избор на голманската позиција.
Првично, Димитриевски беше планиран да стане главен голман на Валенсија, со оглед на очекувањата дека грузискиот чувар на мрежата, Мамардашвили, ќе го напушти клубот минатото лето. Сепак, Мамардашвили остана во тимот и продолжи да ја носи улогата на стартер, што го остави Димитриевски на клупата за резерви.
Со оглед на тоа дека се наоѓа во клучна фаза од својата кариера, Димитриевски смета дека е неопходно да игра редовно и затоа активно ги разгледува можностите за трансфер во клуб каде што ќе добие повеќе минути на теренот. Не се исклучува можноста неговото заминување да биде во форма на позајмица до крајот на сезоната, но постои и опција за трансфер.