Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот голман Столе Димитриевски е подготвен за вечерашниот натпревар против Италија на Националната арена „Тодор Проески“.
Димитриевски не крие дека е голем навивач на Џанлуиџи Буфон и се појави во негов дрес на собирот на репрезентацијата.
„За мене одлична ноќ ќе биде победа против Италија и селфи со Буфон. Тој секогаш бил мој идол. Играв против него во Торино со Македонија. Тогаш го побарав неговиот дрес, но не го добив, зашто бил планиран за аукција. Да знаев, ќе го купев“, кажа Димитриевски.