Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот голман Столе Димитриевски привлече интерес од неколку шппански екипи, но нема намера да го напушти Рајо Валјекано.
„Ел Чирингито“ објави дека за потписот на Димитриевски се заинтересирани Севилја, Вилјареал и Валенсија, но македонскиот голман бил среќен во Рајо.
Димитриевски наскоро ќе потпише нов договор со Рајо, а воедно ќе добие и поголема плата од шпанскиот тим.
Македонецот го носи дресот на Рајо Валјекано од 2019 година, откако претходно играше за Гранада, Кадиз, Тарагона и Гимнастик.