Димитриевски му одржа лекција на Лопетеги: Ова не е пазар, сите се жалите од судиите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот голман Столе Димитриевски вчера бранеше против Севилја и може да се каже дека е најзаслужен затоа што Рајо Валјекано освои бод против големиот ривал.

Тренерот на Севилја, Хулен Лопетеги по натпреварот кажа дека не е задоволен со резултатот и судиите, но на тоа пристигна одговор од Димитриевски.

„Сите се жалат на судењето и тоа го прават за да добијат нешто следната недела. Сите се жалат и секој се труди да добие нешто. не ги разбирам критериумите на судиите, меѓутоа нивната работа е тешка и треба да ги почитуваме. Тие се луѓе и може да загрешат, но треба да ги оставите да работат. Не мора да се жалите на секоја одлука, ако почнат сите да го прават тоа, тогаш ова ќе стане пазар“, вели Димитриевски.