Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Македонскиот голман Столе Димитриевски е на прагот на своето прво појавување во шпанската Ла Лига во дресот на Валенсија. Оваа шанса за него дојде поради неочекуваната повреда на грузискиот голман Гиорги Мамардашвили, кој беше прв избор на голот.
Имено, Мамардашвили се здоби со сериозна повреда на десната нога во последниот натпревар против Рајо Валјекано, каде беше незаменлив во досегашниот тек на сезоната.
Според официјалното соопштение од клубот, тој ќе започне со рехабилитација во тренинг центарот на Валенсија, што значи дека ќе биде отсутен од следните неколку натпревари. Ова овозможува Димитриевски да се истакне како потенцијален прв избор за натпреварот против Валјадолид оваа недела.
Димитриевски веќе го има носено дресот на Валенсија во два натпревари од Купот на Кралот, каде што тимот забележа убедливи успеси.