Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот голман Столе Димитриевски најверојатно летово ќе го напушти Рајо Валјекано и ќе се пресели во Ла Лига, бидејќи неколку клубови се заинтересирани да го купат, а еден од нив е Хетафе.
Шпанските медиуми објавија дека Хетафе сака да го искористи фактот што Рајо Валјекано остана второлигаш, односно не избори пласман во Ла Лига.
Освен Хетафе, Еибар и Гранада се заинтересирани за македонскиот чувар на мрежата, но екипата од Мадрид е во најдобра позиција за неговиот потпис.
Димитриевски во кариерата настапуваше за Работнички, Удинезе, Гранада, Кадиз, а потоа и во Химнастик Тарагона, по што се пресели во Рајо Валјекано, додека за Македонија брани од 2015 година.