Димитриевски туркаше заглавени автомобили во снегот во Шпанија 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанија ја погоди голема снежна бура, при што беа одложени голем број летови, а поради тоа мораше да биде откажен и мечот помеѓу Атлетико Мадрид и Астон вила.

Невремето направи проблеми на фудбалските клубови, а еден од нив е Рајо Валјекано, за кој настапува македонскиот голман Столе Димитриевски.

Димитриевски и соиграчите се обидуваа да стигнат до Бургос, но автомобилот не можеше да се пробие поради заглавените автомобили, па  затоа нашиот репрезентативец и неговите колеги мораа да излезат и да помогнат.