Димитријевиќ го облече дресот на Валенсија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ денеска беше промовиран во својот нов тим Валенсија со која потпиша договор до 30 јуни 2025 година.

Димиријевиќ се сели во Валенсија од Хувентуд, каде што играше во претходните четири ипол години и во просек постигнуваше по 10,6 поени, 1,5 скокови и 3,6 асистенции во шпанската лига.

„Голема благодарност до Валенсија која ми ја даде довербата и четиригодишен договор. Ова е посебен момент за мене. Ќе се обидам да ѝ помогнам на Валенсија да напредува, ова е голем тим“, вели Димитријевиќ.