Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ даде интервју за руски „Бо Спорт“ каде што разговараше за различни теми, а една од нив беше за НБА-лигата.
Димитријевиќ призна дека имал неколку понуди од НБА-лигата, но ги одбил затоа што главна цел му била да игра во Евролигата, а не да седи на клупа во најсилната кошаркарска лига.
„Моја цел е да играм во Евролигата. Многу кошаркари сакаат да заиграат во НБА, но мене не ми е тоа приоритет. Имав шанси да потпишам договор со неколку тимови, но ги одбив затоа што не сакам да седам на клупа“, кажа Димитријевиќ.