Димитријевиќ избран за МВП во плејофот на ВТБ-лигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ ја доби наградата за најкорисен играч во плејофот на ВТБ-лигата во сезоната 2022/23.

Уникс Казан вчера славеше против Локомотив Кубан во петтиот меч од финалето со 98-89 и стака шампион во ВТБ-лигата за првпат во историјата.

Димитријевиќ постигна дури 34 поени, а имаше и пет скокови, три асистенции и една освоена топка за 34 минути поминати на паркетот.

Македонецот одигра 15 меча во плејофот, а во просек постигнуваше по 15,8 скокови, 5,3 скокови и 3,2 асистенции.