Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ синоќа ѝ донесе победа на Македонија со 73-70 на гостувањето кај Данска на почетокот на претквалификациите за Европското првенство (ЕП) 2025.
Димитријевиќ постигна 29 поени, но најважниот кош го постигна во последната секунда, кога погоди од половина терен за триумф од 73-70.
„Не знам како да го опишам чувството. Најважно е тоа што топката влезе во кош. Како се случи тоа не знам ни самиот. Се обидов, погодив и победивме. В недела нè чека тежок меч против Словачка во Скопје и фокусирани сме на следниот предизвик“, кажа Димитријевиќ.
Кошаркарите со победата стигнаа до важни бодови во битката за првото место, кое единствено води во квалификациите.