Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ нема да може да им помогне на сонародниците за квалификациите со Италија на 28 ноември и Естонија на 30 ноември.
Кошаркарот на Хувентуд не играше ниту на гостувањето кај Русија во февруари затоа што имаше болка во препоните по дуелот со Естонија.
Спортскиот директор на КФМ, Тодор Гечевски, побара детална анализа и преглед на Димитријевиќ, по кој пристигна препорака кошаркарот да не заигра за репрезентацијата.
„Препораките на докторите се дека Димитријевиќ во моментов не може да го даде максимумот и да одговори на предизвиците“, кажа Гечевски, кој порача дека здравјето на кошаркарите е на прво место.