Димитријевиќ: Од мал навивам за Партизан, ми се исполни желбата да го запознаам Жељко


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ блесна во мечот меѓу Уникс Казан и Партизан и постигна 30 поени, по што даде коментар за „Моцарт Спорт“.

Димитријевиќ игра одлично за рускиот состав, а по мечот призна дека од мал навивал за српскиот гигант Партизан.

„Не е тајна, од мал навивам за Партизан. Мојот дедо навиваше за Партизан, како и мојот татко. Ова беше специјален натпревар за мене затоа што го запознав Жељко Обрадовиќ и ми се исполни сонот. Фокусиран сум на напредок. Очекувам да бидам лидер во тимот и можам да помогнам на теренот“, кажа македонскиот кошаркар.

Димитријевиќ претходно играше за Хувентуд и Валенсија пред да се пресели во Уникс Казан.