Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ игра одлично во дресот на Уникс Казан, а во изминатиот период имаше шпекулации дека за неговиот потпис бил заинтересиран Партизан.
Димитријевиќ открива дека никој не го контактирал од редовите на „црно-белите“ и очигледно не биле толку многу заинтересирани за неговиот потпис.
„Никој од Партизан не ме контактирал директно. Слушнав дека не се многу заинтересирани за мене. Имаше и други понуди, но не беа конкретни. Уникс покажа желба да ме задржи и тука се чувствувам почитуван“, кажа Димитријевиќ.