Димитријевиќ постигна 10 поени во поразот на Хувентуд од Бургос


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ постигна 10 поени во поразот на Хувентуд од Бургос со убедливи 75-95.

Во второто полувреме Хувентуд играше ужасно на паркетот, а тоа знаеја како да го казнат ривалите, кои издоминираа на теренот.

Хувентуд на паузата замина со предност од 41-37, но со убедлив пресврт Бургос го презема водството и потоа без проблеми доминираше до крајот на мечот.

Македонскиот кошаркар одигра 17 минути на паркетот, а притоа постигна 10 поени, два скокови и две асистенции.