Димитријевиќ со 14 поени помогна за триумф на Уникс


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ постигна 14 поени во победата на Уникс Казан против Енисеј од 93-69.

Уникс имаше водство во тек на целиот натпревар, а посебно импресивен беше во третата четвртина кога ја создаде најголеата предност.

Димитријевиќ, освен 14 поени, постигна и шест асистенции и четири скокови за победничкиот тим.