Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ одигра фантастичен меч за Валенсија во победата од 86-76 против Барселона во 18. коло од шпанскиот шампионат.
Димитријевиќ беше одличен на паркетот и постигна 16 поени, четири скокови и седум асистенции, додека најдобар во екипата на Валенсија беше Мајк Тоби со 17 поени.
Со новата победа, Валенсија стигна до 26 бодови и се наоѓа на четвртата позиција на табелата, додека Барселона е на второ место со 30 бода.