Димитријевиќ со 24 поени му донесе нова победа на Уникс


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ продолжи со одличните настапи за Уникс Казан и му донесе триумф против Астана со 97-75.

Димитријевиќ погоди осум од 11 удари за два поени, а постигна и една тројка, но и пет слободни фрлања за да го заврши натпреварот со 24 поени, седум скокови и седум асистенции.

Уникс Казан се наоѓа на второто место во ВТБ-лигата, а пред Димитријевиќ и другарите е ЦСКА Москва чиј предводник е македонскиот стратег Емил Рајковиќ.