Димитријевиќ со 35 поени против Автодор постави личен рекорд (Видео)


Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓


Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше одличен настап против Автодор во ВТБ-лигата.

Димитријевиќ постигна 35 поени и оствари индекс од 48 што е најдобар ефект во лигата од мај 2022 година, а воедно постави и личен рекорд.

ВТБ-лигата го одбележа неговиот настап и ги издвои мајсториите на македонскиот репрезентативец.