Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ продолжи со неверојатните игри во новата сезона во дресот на Хувентуд, а синоќа беше еден од најважните кошаркари во победата против Андора од 89-87.
Димитријевиќ на теренот мина 28 минути и постигна 12 поени, седум асистенции и три скокови, а имаше и фантастичен кош во последната минута од натпреварот, со кој го доближи Хувентуд до посакуваната победа.
Хувентуд сезонава игра многу добро, па запиша три победи на четири натпревари во шпанската лига.