Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателката на Хрватксиот тениски сојуз Николина Бабиќ е една од тие кои заврши во самоизолација откако се појави коронавирус на „Адрија Тур“.
„Тоа беше голема организација и сакавме да се организира турнир во Задар и Хрватска, да се презентира со популарните тенисери. Тоа го направивме со добра намера“, кажа Бабиќ.
„Зошто натпреварите не беа по прописи? Влезници продававме само по препорака, во сите наши обраќања кажавме дека треба гледачите да ги почитуваат мерките. Не знам колку влезници беа продадени“, додаде таа.
„Дали Димитров ја криел болеста? Јас тоа не можам да го кажам, грижата за тенисерите ја имаше турнирот и организаторите. Јас таква информација немав, подоцна го слушнав тоа. Откако дознавме дека е позитивен, се консултиравме и го прекинавме финалето“, објасни Бабиќ.