Динамо Загреб го продаде Оршиќ во Премиерлигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот стрелец на Динамо Загреб ги поминал медицинските прегледи и треба да потпише договор со последната екипа во Премиерлигата, а тоа е Саутемптон.

Англичаните на Динамо мора да му платат шест милиони евра плус два милиони низ различни бонуси.

Оршиќ во Динамо заработуваше 1,2 милиони евра годишно, а се очекува во Саутемптон да добие барем двојно повеќе.

Саутемптон следниот меч го игра во ФА-купот против Кристал Палас, а четири дена подоцна ќе се соочи во лигата против Манчестер сити.