Дино Раѓа во одбрана на Ѓоковиќ: Доста се*ете по Ѓоковиќ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По откажувањето на „Адрија Тур“ и позитивните тестови на дел од учесниците на хуманитарниот турнир, меѓу кои и организаторот Новак Ѓоковиќ, следеа бројни критики и навреди на сметка на српскиот тенисер.

Малкумина застанаа во одбрана на Србинот, а еден од нив кој го направи тоа е легендарниот хрватски кошаркар Дино Раѓа.

„Неверојатна количина с*ање има за Новак деновиве. Човекот сакаше да ви помогне, да ве промовира и да спаси дел од сезоната. Имаше грешки, но во прв ред се Димитров и организацијата,па потоа натпреварувачите. Погледнете ги локалите, ноќните клубови, јавниот превоз. Тие се преполни со луѓе, а вие тука го критикувате Ноле“, напиша Дино Раѓа.