Директно во срце: Играше за Ла Масија, а сега се сели во Реал Мадрид?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид не покажува знаци дека дополнително ќе го засилува тимот, но според шпанските медиуми би можел да пристигне еден фудбалер во екипата.

Претседателот Флорентино Перез претходно најави дека следното лето ќе тргне по Камавинга, Мбапе и Халанд, а во меѓувреме во екипата може да пристигне напаѓачот на Лајпциг, Дани Олмо.

Хамес Родригез е блиску до договор со Евертон, а доколку го продадат него и Серхио Регулион за кого заинтересиран е Манчестер јунајтед, тогаш Реал ќе има доволно пари за Олмо.

„Билд“ пишува дека Олмо така би му забил нож во грб на Барселона, каде што настапуваше во Ла Масија, по што се пресели во Динамо Загреб.