Директор на Арсенал забележан пред куќата на новиот тренер на „топчиите“?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал игра очајно и по отпуштањето на Унај Емери, а Фреди Љунберг не успеа да ја поправи формата на лондонскиот клуб.

Според англиските медиуми, наскоро ќе биде ангажиран нов тренер на Арсенал, а наводно тоа би можел да биде член на стручниот штаб на Манчестер сити, Микел Артета.

Фоторепортерите го забележале директорот на Арсенал, Винај Венкатешам бил фотографиран во 1.20 часот како заминува од домот на Артета, а наводно таму имал двочасовни преговори.

Сепак, освен со Арсенал, Артета се поврзува и со кормилото на Евертон, па ќе мора поранешниот фудбалер да донесе одлука наскоро.

Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола кажа дека Артета е важен дел од неговиот тим, но ќе ја почитува неговата одлука без разлика каква е.