Директор на Сити: Не победуваме само поради тоа што трошиме многу пари


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Манчестер сити до крајот на сезоната ќе се бори за три титули и само по еден меч ги дели за да освојат тројна круна.

Тимот на Пеп Гвардиола игра одлично оваа сезона, а директорот Феран Соријано вели дека резултатите не се плод на тоа што трошат премногу пари.

„Ние не сме најдобри поради тоа што трошиме многу пари. Погледнете ги вложувањата на другите тимови во последните 12 години. Челси и Јунајтед потрошија повеќе пари од нас. Не е вистина тоа дека победуваме поради трошењето на пари. Имаме план и работиме во континуитет, а тоа дава резултати“, вели директорот на „граѓаните“.