Директорот на Ајакс потврди: Постои интерес од Јунајтед и Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во вчерашното појавување на медиумите, генералниот директор на Ајакс, Едвин Ван дер Сар потврди дека неколку европски гиганти се заинтересирани за Дони ван де Бек.

Реал Мадрид одамна е заинтересиран за младиот фудбалер и подготвен е да плати 50 милиони евра, но во меѓувреме се појави и интерес од Манчестер јунајтед.

Јунајтед сака да ја искористи финансиската криза во Мадрид и да го добие Ван де Бек, но тоа дефинитивно нема лесно да им успее.

„Јасно е дека клубови како Реал Мадрид и Манчестер јунајтед покажуваат интерес за Дони ван де Бек“, кажа Ван дер Сар.

Поранешниот голман кажа и дека немаат намера да ја намалат цената на Ван де Бек.