Директорот на Австралијан опен му испрати порака на Ѓоковиќ: Познати се условите за настап во Мелбурн!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Директорот на Австралијан опен, Крег Тајли даде интервју за локално радио каде што повторно зборуваше за вакцинацијата и кажа дека ќе биде задолжителна за тенисерите и дека без тоа не може да играат во Мелбурн.

Тајли исто така зборуваше за тоа дали Новак Ѓоковиќ ќе учествува на турнирот и смета дека најдобриот тенисер во светот не сака да пропушти шанса да го освои 10. трофеј во Мелбурн.

„Денес повеќе од 85 отсто од професионалните тенисери се вакцинирани. Преземаме големи заслуги за тоа на себе, зашто воведовме вакцинација за учество. Мислиме дека до јануари ќе бидат вакцинирани меѓу 90-95 отсто. Новак освои девет трофеи, па сигурен сум дека сака да го освои и десеттиот трофеј“, вели Тајли.