Директорот на Болоња испрати порака до фановите и Михајловиќ: Нека ви биде јасно на сите…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тренер Синиша Михајловиќ денеска откри дека боледува од леукемија, која му биле дијагностицирана неодамна, па поради тоа тој кажа дека ќе мора накратко да ја прекине кариерата.

Сепак, директорот на Болоња, Валтер Сабатини кажа дека Михајловиќ останува тренер на италијанската екипа.

„Тренерот покажа голема храброст кога закажа конференција за новинарите. Овде сме да го поддржиме, семејството Сапуто стигна од Монтреал. Овој човек секогаш може да смета на Болоња. Ќе биде покрај нас и ние покрај него. Можам да ви кажам дека нема ништо лошо да се случи затоа што тој човек е силен. И нека ви биде јасно на сите – Синиша останува тренер на Болоња“, порача Сабатини.