Директорот на Милан објасни зошто треба да се создаде Суперлига


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Извршниот директор на Милан, Иван Газидис објави соопштение во кое објасни зошто клубот прифатил да создаде европска Суперлига.

Поранешниот член на управата на Арсенал смета дека создавањето на вакво натпреварување ќе внесе стабилност во фудбалот.

Газидис, сепак, најави и дека клубот е подготвен да продолжи да игра во Серија А, иако Милан е еден од тимовите кои го создадоа натпреварувањето.

„Суперлигата ќе обезбеди вредност и поддршка на цела фудбалска пирамида со зголемени финансиски извори, што ќе ги зголеми и средствата на националните лиги. Покрај желбата да се создаде ново европско натпреварување, клубовите ќе останат во националните шампионати. Серија А ќе остане најважно натпреварување за викенд во Италија и Милан е горд да остане дел од него. Клубовите се подготвени да разговараат со ФИФА и УЕФА за да се обезбеди структура која ќе му помогне на фудбалот“, вели Газидис.