Дивац објасни зошто Сакраменто го избрал Вања Маринковиќ


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сакраменто кингс на драфтот во Њујорк селектираа тројца кошаркари. Бекот од Универзитетот Вајоминг, Џастин Џејмс е избран како 40-ти пик, плејмејкерот од Вирџинија, Кајл Гај е селектиран на позицијата 55, додека кошаркарот на Партизан, Вања Маринковиќ го затвори драфтот како 60-ти пик.

Генералниот менаџер на франшизата од главниот град на Калифорнија, Владе Дивац е задоволен со ангажманот.

„Многу сум среќен што можеме да им посакаме добредојде на Џастин, Кајл и Вања во семејството на Сакраменто. Ова беше добра вечер за нас и возбудени сме што добивме такви кошаркари“, вели Дивац.

Легендата на српската кошаркар потоа го искоментира квалитетот на Маринковиќ.

„Вања е еден од најголемите таленти во Европа. Го следам долго време, доаѓа од многу добра кошаркарска програма. Богдановиќ играше во истиот клуб, а многу НБА-кошаркари дојдоа од таа програма“, вели Дивац.