Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Фудбалерот Брахим Дијаз од Реал Мадрид е на прагот да склучи нов долгогодишен договор со клубот, откако двете страни се согласија околу сите детали. Според шпанските медиуми, договорот ќе биде официјално објавен по завршувањето на одредените административни процедури што ќе се случат следната недела.
Мароканскиот репрезентативец одигра значајна улога во тимот на Карло Анчелоти во претходната сезона и не размислуваше да го напушти „Сантијаго Бернабеу“, иако неколку европски клубови покажаа интерес. Дијаз јасно изрази желба да остане дел од проектот на Реал Мадрид и да се бори за своето место во тимот.
Оваа одлука се гледа како признание за неговите импресивни настапи и посветеност. Клубот ја гледа иднината на Брахим како важен елемент од новата генерација што ќе го води тимот во наредните сезони.
Со потпишувањето на овој договор, Реал Мадрид испраќа јасна порака за својата доверба во своите играчи и за континуитетот во тимот.
Фото: Принтскрин