До сега полуда приказна за Клоп не сте слушнале: Се возел во мерцедес полн со кокошки, по бурна пијана ноќ…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сегашниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп се присети на деновите кога со Борусија Дортмунд го направи најголемиот успех во поновата историја освојувајќи ја Бундеслигата.

Во сезоната 2010/11 „милионерите“ станаа шампиони на Германија, а самиот Клоп потврди дека не се сеќава многу на прославата затоа што бил многу пијан.

„Бев навистина пијан што можеше да се забележи на некои интервјуа. Не се сеќавам многу, но на една работа се сеќавам. Не сум сигурен дали сум ја кажал приказнава на некого. Се разбудив на камион во една гаража, бев целосно сам. На тоа се сеќавам, но не знам како стигнав тука.

Слегов од камионот и се најдов во една голема хала. Потоа тргнав да одам преку дворот и видов силуета од човек. Свирнав затоа што знам да свирам прилично силно и потоа забележав дека силуетата забави. Почекав и видов дека тоа е Аки Вацке (Ханс Јоаким Вацке, извршниот директор на Борусија). Јас и Аки бевме сами во тој огромен двор.

Аки запре еден стар мерцедес на патот. Тоа беше караван, а зад воланот имаше некој Турчин. Му рековме да не однесе до најблискиот паб, но тој одби. Потоа Аки извади 200 евра и човекот се согласи да не однесе. Главата ми удираше од прозорот зошто бев многу уморен. Слушнав и чудни звуци затоа што седев назад. Мислев дека сонувам, но не сонував. Во мерцедесот имаше многу кокошки“ –истакна Јирген Клоп.