До вчера го гледаа во Барса, а потоа следуваше повикот од – Жозе Мурињо!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Бернардо Силва е златната кокошка на летото 2026 година, затоа што стана слободен играч и сè уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата.

Португалецот последните денови најчесто беше поврзуван со Барселона, наводно договорил лични услови, но потоа следуваше одлуката трансферот да се „стопира“ додека од Каталонија не замине некој играч од средниот ред. Жозе Мурињо сака да го искористи тоа сега.

Португалецот чека расплет на претседателските избори кои ќе завршат вечерва, а доколку победи Флорентино Перез, се очекува веќе утре официјално да биде назначен за тренер на Реал Мадрид.

Мурињо ги одобри трансферите на Ибрахима Конате и Денцел Дамфриз, и сега стигна новата вест дека побарал да го доведат и Бернардо Силва!