Доаѓа крајот на суспензијата: Синер се огласи пред враќањето на теренот


Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


На Јаник Синер наскоро му истекува тримесечната суспензија, а успеа да остане на врвот на АТП листата во периодот кога не играше.

Италијанецот може повторно да се врати на тренинзите на 13 април, а суспензијата му завршува на 4 мај.

Мастерсот во Рим започнува на 7 мај, што ќе биде првото појавување на Синер по суспензијата.

„Тренираме напорно, првите натпревари сигурно нема да ми бидат лесни, но се надевам дека ќе успеам да го вратам ритамот“ рече Синер.

Синер се осврна на позитивните страни на својата пауза.

„Бев далеку од гужвата, поминував време со семејството и пријателите, правев некои нови работи и подобро се запознавав себеси. Мислам дека тоа многу ми помогна“ додаде Синер.

Фото: Grok AI