До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Франко Мастантуоно дојде како големо засилување за иднината на Реал Мадрид, но според сѐ изгледа, не и за сегашноста.
Аргентинецот не одигра ниту една минута на последните три натпревари против Реал Сосиедад, Бенфика и Осасуна, иако поради повреди се надвор од строј Родриго и Џуд Белингем.
Мастантуоно последните минути ги одигра на гостување на “Месталја”, осми февруари, кога влезе во финишот, но тогаш направи “фатална” грешка.
Имено, во една акција не ја додаде топката на Килијан Мбапе, кој му замери за тоа, што се забележа и во преносот. Читачите на усни потоа открија дека Французинот го пцуел Аргентинецот и го критикувал остро поради таквата одлука.
Мадридските медиуми не сугерираат дека Арбелоа поради тој случај го тргнал Аргентинецот, но не го кријат фактот дека Мастантуоно одигра само тие девет минути и дека по критиките на Мбапе не беше повеќе на теренот.















