Добра група за нашите кошаркари: Македонија имаше среќа при извлекувањето за претквалификациите за СП 2027


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Македонската кошаркарска репрезентација имаше среќа на ждрепката, бидејќи доби група која им оди во прилог за напредок во квалификациите за Светското првенство 2027.

Во претквалификациите, македонските кошаркари избегнаа соочување со тимовите на Хрватска и Бугарија, кои беа сметани за најсилните екипи во овој круг на натпревари.

Од најсилниот шешир, нашиот противник ќе биде Унгарија, а покрај тоа, во нашата група ќе се најде и Романија, против која очекуваме да бидеме фаворити.

Натпреварите во претквалификациите Македонија ќе ги започне во август оваа година.