Добра вест за Македонија: Косово доаѓа во Скопје без својот најдобар напаѓач


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Медиумите од соседството пишуваат дека фудбалерот на Лацио, Ведат Муричи нема да допатува во Скопје за натпреварот против Македонија, кој е закажан на 8 октомври во 20.45 часот.

Од италијанската екипа наводно не сакале да го пуштат Муричи за дуелот против Македонија поради повреда, за која не сакаат да ризикуваат дополнително.

Ова е дополнителен хендикеп за Косово пред важниот натпревар против нашата селекција, ако се знае дека претходно беше потврдено дека селекторот Шаланде нема да може да смета на уште неколку играчи, меѓу кои и најдобриот косовски фудбалер Рашица.

Натпреварот меѓу Македонија и Косово се игра во четврток од 20.45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.