Добри вести од НБА: Маркус Смарт го победи коронавирусот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарот на Бостон селтикс, Маркус Смарт се тестираше пред две недели за Ковид-19 и неговиот тест беше позитивен и така стана еден од првите американски спортисти кои се заразија со вирусот.

Смарт денеска објави порака на социјалните мрежи и кажа дека е здрав со порака сите да останат на безбедно.

„Два дена сум чист од коронавирус, барем така потврдија од оделот за здравство. Им благодарам на сите кои се молеа за мене. Јас ќе го направам истото за сите заразени. Останете безбедни“, напиша Смарт.

Овој 26-годишен кошаркар пред прекинот на НБА-лигата играше многу добро, па во просек постигнуваше по 13,5 поени, 3,8 скокови и 4,8 асистенции.