Добри вести за Арсенал: Артета ја доби битката со коронавирусот!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Арсенал минатата недела ги изненади своите навивачи кога објави дека тренерот Микел Артета е заразен со коронавирус.

Се шпекулира дека Артета е заразен на мечот од Лига Европа против Олимпијакос, зашто претседателот на грчкиот тим го имал вирусот.

Артета веднаш бил префрлен во домашна изолација, па биле тестирани сите играчи и членови на Арсенал и за среќа немаше заразени.

Шпанецот во моментов е во својот дом и тој се чувствува многу добро, па рехабилитацијата оди во добар план и Артета ја добива битката со коронавирусот.

„Мило ни е што можеме да потврдиме дека Артета се чувствува многу подобро“, соопштија од Арсенал.