Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тениската федерација на Украина апелираше до Меѓународната тениска федерација (ИТФ) да ги исклучи Русите и Белорусите од натпреварувањата.
Сојузот на Украина побара официјално да бидат исклучени овие две држави, односно нивните спортисти, поради војната со Русија.
„Цивили страдаат, меѓу кои и деца, а инфраструктурата се уништува. Ова е војна која ќе ја турне во криза нашата држава. Русија и Белорусија немаат право да одржуваат меѓународни натпреварувања на свои територии, но ниту да учествуваат на турнири“, соопштија од Украина.
Ако се случи тоа, тогаш најголем удар би можел да добие најдобриот тенисер во светот, Данил Медведев, кој пак ќе му го препушти првото место на АТП-листата на Србинот Новак Ѓоковиќ.