Добри вести за Гвардиола: „Падна“ важен потпис во Манчестер Сити


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Пеп Гвардиола потврди дека Манчестер Сити го активираше продолжувањето на соработката со еден фудбалер само неколку дена откако Де Брујне потврди дека заминува од овој клуб.

На Де Брујне му истекува договорот со Манчестер Сити на крајот на сезоната и тој е еден од играчите што ќе замине од Етихад.

Манчестер Сити во јануари донесе неколку млади играчи и се очекува во летото тимот значително да се освежи.

Сепак, Гвардиола потврди дека Илкај Гундоган го продолжи својот договор со актуелниот шампион на Англија.

Фото: Манчестер Сити/ФБ