Додека Интер чека за Един Џеко, пристигна понуда од Франција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот Един Џеко во последните неколку недели се поврзува со преселба во Интер, но сè уште не постигнал договор со Рома.

По крајот на минатата сезона, се шпекулираше дека Џеко ова лето ќе ја напушти Рома и ќе ја продолжи кариерата во Интер. Клубот од Меаца во повеќе наврати доставуваше понуда за напаѓачот, но Рома ги одбиваше.

Главниот проблем е што Рома не сакаат да ја намалат цената од 20 милиони евра, додека Интер најмногу нуди 15 милиони евра. Сагата околу Џеко трае со недели, и што е најважно, Дијамантот дел од досегашните припреми ги одработи многу добро.

Додека Интер се обидува да ја намали цената за Џеко се појави информација дека за искусниот напаѓач е заинтересиран и друг клуб. Како што објавија француските медиуми, Монако покажал интерес да го доведе Џеко во своите редови.

Наводно, тренерот на овој тим Леонардо Јардим нема ништо против пристигнувањето на Џеко бидејќи сака неговиот тим да игра формација 4-4-2 следната сезона, а во случај Џеко да заврши во Монако, тој и Радамел Фалкао би биле во напад.

Рома сигурно ќе побара од Монако 20 милиони евра, а сега чекаат одговор од клубот од Кнежевството и официјална понуда за Џеко.