Додека сите славеа титула, тој не можеше да ги задржи солзите: Тренерот на Монтереј го расплака светот (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на мексиканскиот клуб Монтереј ја освоија титулата во државата откако го победија Клуб Америка во финалето, а за нивниот тренер Рикард Антонио Мохамед тоа имаше посебна важност и специјално значење во животот.

Тој одамна на својот син Фарид му вети дека еден ден ќе ја освои шампионската титула на клуапта на Монтереј.

За жал, неговиот син починал на деветгодишна возраст во сообраќајка, додека Антонио Мохамед за малку ќе останеше без нозе.

Ветувањето кое му го даде на синот, го исполни 13 години по несреќата откако ја освои титулата во шампионатот со Монтереј, а додека сите ја прославуваа победата, тој плачеше како мало дете на клупата.