Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Претставителната пауза во Барселона не може да помине без турбуленции затоа што каталонскиот клуб соопшти синоќа дека со еден од првотимците му е раскинат договорот.
Барселона ова лето не правеше премногу промени во играчкиот кадар, најмногу поради фактот што финансиските проблеми околу ФФП сè уште не се решени.
Каталонците доведоа само неколку засилувања, а притоа најмногу се истакнуваат голманот Joan Garcia кој дојде од Еспањол, и Marcus Rashford.
Исто така, имаше и неочекувани заминувања и тоа најмногу се однесува на Иниго Мартинез кој одлучи да ја продолжи кариерата во дресот на Al Nassr, што за Ханси Флик беше тежок удар.Иако сезоната веќе почна, се чини дека во Барселона сè уште не завршиле кога е во прашање “подредување” на играчкиот кадар затоа што синоќа многумина беа изненадени од веста која пристигна од каталонскиот клуб.
Имено, челниците на Барселона одлучија да ја искористат претставителната пауза за да разговараат со играчите на кои Флик не смета и се обидоа со нив да ја договорaт соработката.
Првиот со кој одржаа состанок е искусниот играч од средниот ред Ориол Ромеу кој ова лето се врати во Барселона по позајмица во Жирона.
Ромеу веднаш доби јасна порака од Флик дека нема да добие многу шанси за играње и дека е најдобро да оди на друго место, иако пар клубови покажаа интерес за него на крај не беше постигнат договор во текот на преодниот рок.
Поради тоа Joan Laporta и Deco одлучија да го повикаат Ромеу на состанок за да договорат спогодбен раскин на соработката што на крај и се случи.
Барселона синоќа објави дека Ромеу повеќе не е член на овој клуб и дека со него е раскинат договорот, и му посакаа среќа во продолжението на кариерата.