Дојде во Арсенал како големо засилување, а по само една сезона си оди од клубот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Периодот на Давид Луиз во Арсенал би можел да заврши по само една година затоа што Бразилецот ќе остане без договор на 30 јуни.

Иако првично беше најавено дека Луиз потпишал двегодишен договор со Арсенал, „Скај Спортс“ пренесува дека тој потпишал договор само на една година.

Микел Артета и спортскиот директор Еду сакаат да го задржат Луиз на „Емирати“, но се уште не е позната желбата на фудбалерот дали сака да остане уште една сезона во Арсенал.

Пред неколку денови се појавија шпекулации дека тој би можел да се врати во тимот на Бенфика од каде пред десет години се пресели во Челси.