Дојде во Милан како голема надеж, а сега заврши во Белгија!


Роналдо нека се пази, Мароко гази - 19 ден ↓↓↓



Младиот и талентиран Јенс Петер Хауге пристигна во Милан како голема надеж, но не ги оправда очекувањата на управата, по што се пресели во Ајнтрахт Франкфурт, а сега си замина и од таму, па негов следен клуб ќе биде Гент од Белгија.

Норвежанецот не играше добро ниту во Германија и ги разочара главните луѓе на Франкфурт, кои решија да го испратат во Гент.

Хауге во Гент ќе добие статус на првотимец со цел да ја врати неговата форма и да ја оживее кариерата за која се предвидуваа големи работи.

Талентираниот фудбалер ќе игра една сезона како позајмен фудбалер во Гент, по што ќе се врати во Франкфурт.