Доктор откри нови детали за здравствената состојба на Марадона


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Диего Марадона беше на итна операција поради хематом на главата поради кој сите во Аргентина беа во голема паника.

Постоеше страв меѓу фанвоите дека Марадона би можел да ја загуби битката, но сега пристигнаа добри вести од болницата.

Марадона бил опериран пред два дена и сега приватниот доктор Леополдо Лука ги извести сите дека поранешниот фудбалер се наоѓа во одлична состојба и сакал да замине дома.

Сепак, медицинскиот тим го задржал Марадона во болница за да ја следи неговата состојба, а исто така новите снимки покажале дека Аргентинецот е во ред.

„Марадона може да разговара, добро е расположен, може да се движи… Рехабилитацијата оди во добар правец. Резултатите од последните снимки беа одлични и среќни сме опради тоа. Диего сакаше веднаш да си замине, но сепак докторите го убедија да остане“, вели докторот.