Докторот на Марадона го фалсификувал потписот на легендарниот фудбалер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Истрагата за Диего Армандо Марадона во моментов е во тек и се истражуваат сите детали откако тој почина минатата година во родното место.

Марадона почина во 2020 година и тоа ја погоди светската јавност, а набрзо потоа почна истрагата поради сомнеж за медицинската помош која ја добивал.

Еден од главните осомничени е докторот на Марадона, Леополдо Луке затоа што не се поклопуваат сите работи кои ги откри пред обвинителите.

Во истрагата сега се докажа дека тој го фалсификувал потписот на Марадона во клучниот документ во текот на лекувањето. По ова уште повеќе се сомнева на него и многу е веројатно докторот да крие нешто.

Набрзо после смртта на Марадона тој беше првиот кој објави фотографија со него и организираше прес-конференција на која се расплака објаснувајќи ја терапијата која му ја давал на Марадона.