Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во посакуваната форма и постигна голови на два меча по ред. Најпрво во италијанскиот Куп, а потоа и во Серија А против Парма.
Елмас ја зема топката на 40 метри од голот и тргна во пробив кон противничкиот голман, а многумина беа воодушевени од мајсторијата на Македонецот.
Хрватите го споредија дури и со легендарниот Диего Армандо Марадона.
„Наполи долго време чекаше вакво нешто, а потоа топката од центарот ја зема Македонецот…“, пишуваат Хрватите.
            














